Бледа шутерска вечер за Перо Антиќ, Атланта поразена од Детроит

Атланта Хокс доживеа неочекуван, но натпреварувачки неважен пораз од Детроит Пистонс 105:95. Бруклин Нетс сè поблизу до плејофот, Кари со еден потег го измеси Крис Пол.

До 29-ти сезонски триумф а 400 во кариерата на Стен Ван Ганди, Пистонс ги предводеше Андре Драмонд со 22 поени (8-11 од игра) и дури 13 скокови. Реџи Џексон постигна 12 поени, 4 скока и 11 асистении, а Ентони Толивер придодаде 13 поени и 10 скокови. Кај Хокси, тренерот Мајк Баденхолцер и натаму ги ротира сите играчи, со цел да бидат спремни за плејофот. Ал Хорфорд постигна 16 поени (8-10 од игра) и 5 скокови. Најефикасен кај „Јастрбите“ беше Табо Сефолоша со 19 поени, а Шелвин Мек постигна 12.
 
Перо Антиќ ја одигра најслабата партија сезонава со шут од игра 0-7 за 17 минути и само еден скок.
 

Кошаркарите на Бруклин Нетс ја победија Индијана 111:106 на домашен терен и така се вратија на осмата позиција на Истокот која води во доигрувањата. Најзапазен во четвртата победа по ред за Бруклин беше Брук Лопес со 24 поени и 11 скокови. Џо Џонсон постигна 21 поен, 6 скокови и 4 асистенции, а Алан Андерсон запиша 20 поени.
 
Во редовите на Индијана, најефикасен беше Џорџ Хил со 28 поени (10-17 од игра) и 6 скокови. Дејвид Вест забележа 14 поени и по 6 скокови и асистенции. Бруклин сега има учинок 33-40, а од друга страна Пејсерси имаат 32 победи и 42 порази и се сè подалеку од плејофот. 
 
  

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стефон Кари секоја вечер постигнува во просек по 30,5 поени, а публиката ја воодушеви и синоќа во триумфот на Воините над Л.А. Клиперс 110:106.

Освен што постигна 27 поени, Кари во еден момент со дриблинг буквално го измести Крис Пол и го изведе можеби потегот на сезоната. Во победата на Голден Стејт голем учинок имаше и Клеј Томпсон со 25 поени и 8 скокови. Одлична вечер кај Вориорс имаше и Дејвид Ли со 17 поени и 7 скокови.

Кај Клиперс, Блејк Грифин постигна фантастични 40 поени, 12 скокови и пет асистенции, но тоа не беше доволно тимот од Лос Анџелес да стигне до 50. победа сезонава. Крис Пол даде 27 поени и 9 асистенции, а добра партија пружи и Деандре Џордан со пет поени и дури 15 скокови.

Страшниот потегот на Стефон Кари:

Хајлајтс од дуелот Голден Стејт - Л.А. Клиперс:

 

Резултати НБА:

Мајами – Сан Антонио 81-95
Бруклин – Индијана 111-106
Детроит – Атланта 105-95
ЛА клиперс – Голден стејт 106-110.