Резултат од 3:0 во нокаут фазата од Лигата на шампионите последен пат беше надоместен во 1986 година.
На првиот полуфинален дуел Барселона си замина од Гетеборг со пораз од 3:0, а на реваншот славеше со идентичен резултат и потоа преку пенал серијата стигна до финале.
На Гвардиола ова не му успеа како тренер на Баерн, а ниту како играч или тренер на Барселона. Додека Каталонците пред 29 години славеа за таквиот дострел, Пеп бил во улога на собирач на топки кој го има на сликава.
Барселона победи благодарение на хет трикот на Ангел Алонсо Херера, а на пенали беше подобра од Швеѓаните со 5:4.