Интегрално ќе пренесеме текст на специјален известувач на Обединетите нации за тортура. Текст понуден на дузина светски медиуми, меѓу кои Гардијан, Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Ројтерс, Њусвик.... Никој од нив не сакал да го објави.
Со цел да се олабави атмосферата во Персискиот залив, Џереми Корбин ја повика британската влада да се воздржи од ескалирање на тензиите со Иран без да има „кредибилни докази“ за вмешаноста на Техеран во нападите на два нафтени танкери.
Првите обиди за упад се направени во 2012, на сред од мандатот на Обама, и нема докази дека во тоа време хакерите на американската влада успеале да изгасат некој дел од електричната мрежа. Со доаѓањето на Трамп стратегијата преминува во отворен напад во кој сајбер силите на САД успеале да вметнат свој малвер во електричната мрежа и во други мети, открива Њујорк тајмс.
Илјадниците мигранти кои загинаа во Медитеранот се жртви на политиките на Европската Унијата, тврди група адвокати кои бараат Меѓународниот кривичен суд да започне истрага против Унијата за злосторства против човештвото.
Во тужба пред американските судови Оракл обвинува и нуди нови докази дека нивниот конкурент Амазон му понудил работно место на висок функционер на Пентагон во замена за пишување на условите на тендерот на начин поволен за Амазон. Тендерот е на износ од 10 милијарди долари.
Како што Монсанто од рочиште во рочиште се приближуваше до судските казни во неколку тужби, така документи (објавени како докази) откриваа како компанијата дава сè од себе за да ја замати целата приказна околу себе.
Повеќе од еден век знаеме дека физичкото опкружување влијае на менталното здравје на луѓето. Како што минува време научници и доктори само трупаат нови докази за тоа какви се дијагнози и психички состојби се предизвикани со самото тоа што некој живее во град. И стандардно, колку повеќе накај центар на град, толку е полошо.
Пред некое време целиот свет во живо следеше како се урива дел од францускиот национален идентитет и меѓународниот симбол за Париз. Глетка која со право предизвика сожалување кај светската јавност. По некое време, истата оваа јавност се сврте околу себе.
USA TODAY ископа и објави имиња и досиеја на 85.000 полицајци кои ја злоупотребувале значката па тепале луѓе, дилале дрога, малтретирале по дома, возеле пијани. А ги има околу 750.000.
Во серијата средновековни мерки што на почетокот од април властите на Брунеи ги претворија во закон е и казната за геј секс со каменување до смрт. ЕУ има проблем со ова. Брунеи има проблем со тоа што ЕУ има проблем.
Новинари и директори на новински компании како Би-би-си, Ал-Џезира биле хакирани од поранешни американски шпиони за потребите на Емиратите, објавува Ројтерс.
Рускиот милијардер Фархад Ахмедов успеа да ја спаси својата јахта од запленување, што и не му менува нешто многу на долг рок бидејќи и понатаму му стои долгот од 600 милиони долари по основа развод.
Тројца научници напишаа а 800 потпишаа манифест со кој се бара науката да прeстане да користи едeн од најзлоупотребуваните критериуми во научните истражувања: статистичката (без)значајност.
Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.
Гледано од научна перспектива, без да се задира во другата страна, атеизмот е декларација, која нема никаква врска со научниот метод, барем така тврди теоретскиот физичар од Дартмут колеџот, Марсело Глејзер, кој 35 години е во оваа професија.
Во Канада (на барање на САД) е уапсена финансиската директорка на компанијата, во САД против компанијата се покренати кривични обвиненија, низ западниот свет 5Г технологијата на Хуавеи се корне од мобилната инфраструктура.
Неколку групи ја тужат ЕУ заради тоа што "шумската биомаса" (читај дрва) ја вклучија во групата обновливи енергетски ресорси. Тоа е класично мамење, тврдат овие за шибицарите од Европската комисија по кои испаѓа дека нашите баби и дедовци користеле исклучиво обвновливи извори. Само што тие тогаш се викале - трупци.
Многу ни е жал што ќе мора да ви расипеме мерак ама филмската сцена со вработен кој се концентрира со слушалки на уши и растура од работа е идентично веројатна колку која било филмска сцена од Авенџерс.
Додека американските технолошки компании пријавуваат проблеми со намалени приходи главно заради слабата продажба во Кина, кинески Хуавеи има проблем да стапне во САД исклучиво затоа што американската влада одлучи да забрани работење на компанијата на нејзината територија.
Да речеме, ги убиваш Французите за цела територија на Франција да ти остане на располагање за пошумување. Новата вегетација шмука CO2 од атмосферата па климата се лади. Победа?
Тоа што регуларна газирана (или каква била) пијачка ќе ја замениш со нејзина диетална верзија нема ништо долгорочно да ти смени ни во слабеење, ни во здравје.
Европа е сама. Сама е стратешки и воено, како што тоа уште еднаш се покажа со одлуката на Трамп да ги повлече американските сили од Сирија, оставајќи голема празнина на Блискиот Исток. Сама е и економски, против двата блока - САД и Кина - кои, секој на свој начин, систематски ги таргетира индустриските капацитети на Европа и презема дигитална колонизација на Стариот континент.
На германскиот биолог кој понуди 100.000 евра за оној кој ќе му достави докази дека малите сипаници се вирус, судот му нареди поштено да си плати она што го ветил.
Скопје, 16-ти декември 2015 - Фармацевтската компанија Новартис-преставништво Скопје, денес донираше лабараториски PCR китови за квантитативна детекција на BCR-ALB транскриптот во вредноста од 566.400,00 денари. Оваа донација ќе придонесе при правилна дијагностика и следење на пациентите со Хронична миелоидна леукемија, а истовремено и ќе го олесни процесот на стандардизација на лабалаторијата за молекуларна дијагностика.