Коментарот на Корбин се однесува на изјавата на британското министерство за надворешни работи дека „е речиси сигурно“ во својата проценка дека „огранок на иранската војска ги нападнало двата танкери на 13 јуни.“
Во пораката на Твитер тој пишува:
„Британија треба да работи на олеснување на тензиите во Заливот, а не на потпалување на воените ескалации кои започнаа со повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор.
Без кредибилни докази за нападите на танкерите, владината реторика само ќе ја зголеми заканата од војна.“
Дипломатскиот одговор на британскиот министер за надворешни работи е дека коментарите на Корбин се „патетични и предвидливи“.
„Кредибилни докази“ не беа проблем за британските власти да се залетаат со цела сила во инвазијата на Ирак, која доведе до масакар на тамошното цивилно население и започнување на војна која се уште трае.