По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.
Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.
Џон Мершајмер го расклопува доминантниот западен наратив дека Путин и Русија во војната влегуваат со намера да ја освојат цела Украина, а потоа да продолжат со остатокот од Европа. Како што ќе објасни професорот, Германија тргна да ја освојува западна Полска со 1,5 милиони војници, што ќе направи Путин со неполни 200.000 против цела Украина?
Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.
Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.
На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
На мировните преговори одржани во Истанбул пролетта 2022 било договорено и потпишано примирје меѓу Русија и Украина, но во моментот кога Русите се повлекле од Киев, Украинците се откажале од договорот, изјави рускиот претседател на состанокот со африканските лидери во Санкт Петерсбург.
На руските сили што се борат во Украина им недостасуваат доволно напредни оружја и покрај тројното зголемување на производството, изјавил рускиот претседател за време на средба со новинари и блогери.
„Големиот ризик“ со кој се соочува Европа е да заглави во криза што не е наша, порачал францускиот претседател Макрон во интервју дадено во неговиот авион на заминувањето од Пекинг.
Кога е во прашање Меѓународниот кривичен суд во Хаг, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, е на сличен став како и официјална Москва, дека тој не треба да постои. Што не значи дека Болтон не би го апсел Путин по друга основа.
После оружје и пари, трето на списокот на желби на сите противници на руската инвазија во Украина е - Путин во Хаг. Истото го бара и Зеленски како услов за примирје со Русија, како и германската министерка за надворешни работи. Процената на Економист е дека тоа нема да го дочекаат.
Навраќајќи се на сопствените недоразбирања со разузнавачките структури во САД, Трамп не пропушти да му спомне на ФБИ дека агентот што требаше да ги открие руските врски на Трамп, е уапсен заради врски со Русија.
Откако воведе санкции, ЕУ замрзна 300 милијарди евра руски државни резерви, и милијарди од сметките на други руски богаташи. Од тогаш ЕУ нема конечен став што ќе прави со парите и додека се труди да ги пофаќа сите краеви за сите членки да бидат задоволни и да гласаат за каков било план за трошење на руските пари, Естонија веќе се подготвува сама да почне со запленување руски пари.
Без да се навлегува во тоа каде на крај завршуваат парите, од почетокот на владеењето на Путин во 2000-та, до сега руската економија е порасната за 8 пати.
Едно човекот не сака премногу да се слика кога не мора (освен ако не е за кампања), друго, пола светски лидери му се лути или не се во добри односи со него. Ништо од ова не ја олеснува работата.
И покрај тоа што изгледа крајно рамнодушен додека на Русија постојано и се крчкаат и воведуваат нови санкции, Путин дома мора редовно да ги смирува олигарсите кои најмногу страдаат од овие санкции. И ова е лесниот дел од работата.
Големците на ЕУ деновиве го потпишаа договорот со Украина кој беше повод за целата криза во земјата. Европа прогласи историска победа повторувајќи дека се можни санкции кон Русија. Во позадина, Бритиш Петрол и рускиот нафтен гигант Роснефт најнормално потпишаа долгорочен договор за соработка тежок милијарди долари.
Како што малку попушта студот, така ЕУ почнува да изгледа како некој што сака да преземе нешто против Русија заради нејзиниот излет во Украина. Списокот на работи кои ЕУ планира да ги забрани за увоз во Унијата, изгледа како на Гугл да побарале листа на клучни зборови кои се поврзуваат со Русија.
Првичниот неуспех на Обама да се справи со Путин во основа може е само дел од долгорочната стратегија на неправење ништо, која би требало да резултира со пропаѓање на целиот план на рускиот Претседател.
Претпоставката е дека намерата на Путин е да ги повтори славните денови на Русија, како кралство, не како сојуз. Ова во основа би значеле повеќе непријатни работи за околината.
Рускиот претседател деновиве го имаше годишното одговарање на прашања од граѓаните во живо на телевизија (му беа поставени 2,5 милиони, одговори на 81 прашање). Украинскиот новинар Андреј Ближо има 5 прашања кои или никој не му ги поставил на Путин, или не биле ставени пред него да ги одговара.
Проценката е на поранешниот заменик директор на ЦИА, според кого Путин веројатно и не е премногу заинтересиран за Украина надвор од полуостровот кој веќе го завладеа.
Германската канцеларка има една единствена фобија во животот: кучиња. Па за време на нејзината прва посета на рускиот претседател во 2006-та, тој и подари - куче. Ова не е од инает, туку Путин имаше за враќање.