Во првиот квартал на 2023 популарноста на рускиот лидер меѓу Американците била на 21%, според ЈуГов. Речиси 6 проценти повеќе отколку во 2021 и 4 проценти повеќе отколку на почетокот на војната во Украина.
Анкета на Галуп објавена на 13 март годинава, покажала дека и „постојното негативното мислење на Американците за Русија“ во изминатата година паднало од 15 на 9 проценти.
Во оваа анкета речиси три од пет луѓе, над 60%, биле „многу ненаклонети кон Русија“, додека 68% од испитаниците биле наклонети кон Украина. Најголемиот дел од Американците, 51%, изјавиле дека воената моќ на Русија е критична закана.
Според Галуп ова е најлошиот рејтинг што Русија го имала во последните 35 години.
Во статистиките што ги пренесува Њузвик, во рамки на Русија над 80% од Русите во март 2023 ги одобруваат активностите на Путин. Ова е раст во однос на септември 2022, кога Кремљ објави делумна мобилизација на руската популација.