Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.
И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.
По трите бода освоени против Луксембург, македонските репрезентативци вечерва не ги искористија шансите во дуелот против Украина, која го казни промашувањето на Адис Јаховиќ во првиот дел. Домашните не реализираа пенал, а нашите неколку зрели шанси.
Фудбалерот кој хрватската спортска јавност го гледаше како предводник на младите, се одлучи да го соблече „коцкестиот“ дрес и да го прифати повикот на Бошко Ѓуровски. Хрватот роден во Шибеник, со македонски корени вечерва ќе дебитира против Луксембург и ќе заигра со неговиот братучед, Агим Ибраими.
Ако утре вечер имаме повеќе од 12 удари на голот и повеќе од 10 центаршутеви, ќе триумфираме, изјави селекторот Ѓуровски пред натпреварот со Луксембург.
Веднаш откако беа извлечени квалификациските групи за Европското фудбалско првенство, кладилниците ги објавија и своите коефициенти според кои Македонија има мали шанси за пласман на ЕУРО 2016.
Во францускиот град Ница денеска беа извлечени квалификациските групи за Европското фудбалско првенство во Франција 2016. Македонија се падна во тешката група Ц заедно со европскиот и светски шампион Шпанија, потоа Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург.