Македонија напредуваше на ФИФА листата

На последното рангирање на ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија скокна на 80-та позиција.

Националниот тим на Македонија напредуваше од 82-та на 80-та позиција на априлското рангирање на ФИФА.

Со 443 поени Македонија се пласираше пред Оман, Јамајка и Белорусија, а зад Хаити, Израел и Мароко.

Најдобро рангирана селекција од нашата квалификациска група за ЕУРО 2016 е Украина на 17-та позиција, Словачка е 46-та, Белорусија 83-та и Луксембург на 112-то место.

На врвот на листата нема промени. Води Шпанија пред Германија и Португалија која се искачи на третата позиција. Следат Колумбија, Уругвај, Аргентина, Бразил, Швајцарија и Италија, а во Топ 10 влезе и Грција.