Македонија остана на 80-та позиција

На најновото рангирање на фудбалските репрезентации според ФИФА, македонскиот национален тим остана на истата позиција минатите два месеци.

Ремито со Катар и поразот од Камерун на мини турнејата не влијаеа на пласманот на фудбалската репрезентација на Македонија на рангирањето на ФИФА. Во однос на минатиот месец Македонија загуби 24 поени, но со вкупно 419 поени ја задржа 80-та позиција.

Пред нас се Оман, Бугарија и Мароко, а зад нас на листата се Јамајка, Белорусија и Азербејџан.

Најдобро рангирана селекција од нашата квалификациска група за ЕУРО 2016 е првопласираната Шпанија, Украина е на 16-та позиција, Словачка е 49-та, a Луксембург на 119-то место.

На врвот на листата нема промени. Зад Шпанија е Германија, а на третата позиција се искачи Бразил. Следат Португалија, Аргентина, Швајцарија, Уругвај, Колумбија, Италија и Англија.