Со 407 бодови нашиот национален тим забележа пад од две места на ранг листата на ФИФА и новиот квалификациски циклус за ЕУРО 2016 против Шпанија на 8. септември, ќе го стартува како 76. фудбалска земја во светот.
Од нашите противници во квалификациите „Црвената фурија“ е на седмата позиција, Украина е 22-ра, а Словачка 45-та. Зад нас се наоѓаат Белорусија која се наоѓа на 88. место и аутсајдерот Луксембург кој е на 109. позиција.
Во топ 10 листата нема промени. Таму и натаму е лидер Светскиот првак Германија, пред Аргентина, Холандија, Колумбија, Белгија, Уругвај, а потоа по Шпанија следуваат Бразил, Швајцарија и Франција.
На следното рангирање кое е на 18. септември се очекуваат повеќе промени, затоа што ќе стартуваат квалификациите за Евро шампионатот.