Во новиот квалификациски циклус на арената „Филип Втори“ ќе гостува неприкосновената Шпанија со која веќе одигравме пријателски натпревар во Скопје, потоа селекциите на Украина, Словачка, Белорусија и аутсајдерот Луксембург.
Како што е веќе познато следниот фудбалскиот Еврошампионат во Франција за прв ќе се одржи со 24 земји учеснички. Првопласирените две екипи од групите ќе обезбедат директен пласман, исто како и најдобрата третопласирана селекција, додека третопласираните земји ќе играат во бараж.
Група А: Холандија, Чешка, Турција, Летонија, Исланд, Казахстан
Група Б: БиХ, Белгија, Израел, Велс, Кипар, Андора
Група Ц: Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија, Македонија, Луксембург
Група Д: Германија, Република Ирска, Полска, Шкотска, Грузија, Гибралтар
Група Е: Англија, Швајцарија, Словенија, Естонија, Литванија, Сан Марино
Група Ф: Грција, Унгарија, Романија, Финска, Северна Ирска, Фарски Острови
Група Г: Русија, Шведска, Австрија, Црна Гора, Молдавија, Лихтенштајн
Група Х: Италија, Хрватска, Норвешка, Бугарија, Азербејџан, Малта
Група И: Португалија, Данска, Србија, Ерменија, Албанија