Македонија ја задржа 80-та позиција

На најновото рангирање на фудбалските репрезентации според ФИФА, македонскиот национален тим остана на истата позиција од минатиот месец.

Со ист број на поени од минатиот месец (443), фудбалската репрезентација на Македонија остана на 80-та позиција на мајското рангирање според ФИФА.

Пред нас се репрезентациите на Замбија, Израел и Хаити, а зад нас се пласирани Јамајка, Оман и конкурентот од нашата квалификациска група, националниот тим на Белорусија.

Најдобро рангирана селекција од нашата квалификациска група за ЕУРО 2016 е првопласираната Шпанија, Украина е на 17-та позиција, Словачка е 46-та, a Луксембург на 112-то место.

На врвот на листата нема промени. Зад Шпанија се Германија и Португалија, а Бразил се искачи на четвртата позиција пред Колумбија, Уругвај, Аргентина, Швајцарија, Италија и Грција.