Нашиот национален тим предводен од новиот селектор Бошко Ѓуровски со првиот триумф оваа година на пријателскиот меч против селекцијата на Летонија, одигран минатата средина, скокна за едно место на најновото рангирање на ФИФА.
Со 421 поен сега се наоѓаме на 82 позиција, со едно место погоре од Белорусија која ќе ни биде противник на следниот квалификациски циклус за ЕУРО 2016.
Од останатите наши противници селекцијата на Украина е на 18 позиција, Словачка е 50-та, а Луксембург на 120 место.
На челните позиции нема промени. Лидер на табелата и натаму е светскиот шампион Шпанија со кој исто така не чека двобој во новите квалификации, втора е Германија, а потоа следуваат Аргентина, Португалија и Колумбија.