Рускиот милијардер Фархад Ахмедов успеа да ја спаси својата јахта од запленување, што и не му менува нешто многу на долг рок бидејќи и понатаму му стои долгот од 600 милиони долари по основа развод.
Тројца научници напишаа а 800 потпишаа манифест со кој се бара науката да прeстане да користи едeн од најзлоупотребуваните критериуми во научните истражувања: статистичката (без)значајност.
Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.
Гледано од научна перспектива, без да се задира во другата страна, атеизмот е декларација, која нема никаква врска со научниот метод, барем така тврди теоретскиот физичар од Дартмут колеџот, Марсело Глејзер, кој 35 години е во оваа професија.
Во Канада (на барање на САД) е уапсена финансиската директорка на компанијата, во САД против компанијата се покренати кривични обвиненија, низ западниот свет 5Г технологијата на Хуавеи се корне од мобилната инфраструктура.
Неколку групи ја тужат ЕУ заради тоа што "шумската биомаса" (читај дрва) ја вклучија во групата обновливи енергетски ресорси. Тоа е класично мамење, тврдат овие за шибицарите од Европската комисија по кои испаѓа дека нашите баби и дедовци користеле исклучиво обвновливи извори. Само што тие тогаш се викале - трупци.
Многу ни е жал што ќе мора да ви расипеме мерак ама филмската сцена со вработен кој се концентрира со слушалки на уши и растура од работа е идентично веројатна колку која било филмска сцена од Авенџерс.
Додека американските технолошки компании пријавуваат проблеми со намалени приходи главно заради слабата продажба во Кина, кинески Хуавеи има проблем да стапне во САД исклучиво затоа што американската влада одлучи да забрани работење на компанијата на нејзината територија.
Да речеме, ги убиваш Французите за цела територија на Франција да ти остане на располагање за пошумување. Новата вегетација шмука CO2 од атмосферата па климата се лади. Победа?
Тоа што регуларна газирана (или каква била) пијачка ќе ја замениш со нејзина диетална верзија нема ништо долгорочно да ти смени ни во слабеење, ни во здравје.
Европа е сама. Сама е стратешки и воено, како што тоа уште еднаш се покажа со одлуката на Трамп да ги повлече американските сили од Сирија, оставајќи голема празнина на Блискиот Исток. Сама е и економски, против двата блока - САД и Кина - кои, секој на свој начин, систематски ги таргетира индустриските капацитети на Европа и презема дигитална колонизација на Стариот континент.
Поранешниот уредник на Британскиот медицински журнал ги анализира петте најпопуларни научни книги за исхрана, по што сумира каде имаме застрането на тема храна: "храбри политики базирани на фрагилна наука, заради што долгорочните резултати се катастрофални."
И покрај тоа што Лејкерси сезонава се катастрофални, Коби само реди одликувања, па минатиот месец го одигра својот 20-ти натпревар во кариерата со трипл-дабл, стана првиот играч во историјата на НБА со 30.000 поени и 6.000 асистенции, и од синоќа вечер (петокот) е на само 9 поени од соборување на Мајкл Џордан од третото место во историјата на НБА по бројот на поени. Сепак, насловот се уште држи.
Една од најсовршените модерни бајки е идејата дека твоите калорични гревови од ужасниот начин на исхрана подмачкан од алкохол, можеш да ги испереш со магијата на детоксификација. Може, се додека веруваш во бајки. Во реалност станува збор псевдо-медицински концепт, кој функционира колку и змиско масло.
Се вика БАХФест, се одржува во МИТ, ја посетуваат легитимни научници (Харвард и слично ниво), кои користат легитимни научни докази, за да создадат крајно нелегитимни и лажни еволуциски теории.
Заради сопствени процени и затоа што никогаш не се знае, ХБО регрутира армија адвокати околу планот за снимање документарец базиран на книгата "Going Clear." Книгата е за саентологија.
Колеле овци за да се навежбаат со нож, учеле како се погодува вратна жила на противникот. Па тренирале како со тенкови се освојува Парламентот, за оттаму да ја оправаат државата. СС униформи, перење пари, силување, убиство....
Пред 2 години Германец, инаку градски административец во Менден, на денот на пензионирањето напиша порака за збогување со колегите поздравувајќи ги дека последните 14 години нема ништо сработено. Кога се расчу за ова, човекот во Билд се правдаше дека сите погрешно го сфатиле неговото неработење. На случајот потсетува авторот на книгата "Празен труд."
Како и во претходните случаи на H1N1 и Сарс, паниката од ебола драстично го намалува менталниот имунитет на човекот кој станува подложен на напад на разни превари кои му нудат спас, меѓу другото и змиски отров.
Ако компанија во партнерство со дерматолози, продава крема за која апсурдно тврди дека може да ја поправи штетата на ДНК-та, кој е должен да пријави дека ова е глупост?
На онлајн сервисот Алибаба се продаваат куп справи и алатки за мачење. На прв поглед, се купуваат за сексуални фетиши. Но, анализи покажуваат дека најсериозни купувачи се држави со диктаторски режими.
Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Во извештајот на Конгресната истрага за 11-ти септември недостасуваат 28 страни, кои оригинално ги имаше меѓутоа во 2002-ра по нарачка на Џорџ Буш беа отстранети и ставени во посебен таен документ, под објаснување дека тие содржат информации што ќе ги нарушат тајните операции на САД.