На последната конференција истражувачот од Харвард, Џастин Верфел кој студира термити во Африка дава објаснување зошто бубачките ни се гадни. Неговата теорија е дека се поголемиот натпревар за храна меѓу луѓето, ги тера бубачките да станат што е можно поодвратни за никој да не ги јаде.
Верфел е еден од 6-те истражувачи кои се борат за првата награда - статуетка од Дарвин, кој вели "Би требало?" Секој од презентерите има 10 минути за да ја опише својата лажна еволуциона теорија, базирана на вистински научни докази. Потоа тие треба својата теорија да ја одбранат пред панелот од 4-ца судии кои можат да поставуваат прашања, и даваат оценки по основа на креативност, научен кредибилитет и претставување. Во оценката влегува и аплаузот од публиката, кој го регистрира посебен мерач.
Основач на наградите е 32-годишниот цртач на стрипови Зак Винершмит, автор на "Saturday Morning Breakfast Cereal." Ова е втора година како се одржува конвенцијата, и успеа да привлече околу 1.000 фанови.
Инаку, Верфел го почнува истражувањето еден месец пред конвенцијата и собира слики и илустрации од инсекти уште од крајот на 1700-та. Тој ги меша сликите и вика неколку дузини колеги да ги рангираат инсектите колку се одвратни. Резултатите од истражувањето се дека ужаснатоста на набљудувачите се зголемувала како што се приближувале сликите од помодерни времиња. А стапката на раст (на ужаснатоста) била речиси совршено пропорционална на растот на човековата популација.
Друга презентерка е Барбара Вриде, докторант истражувач од Еврејскиот Универзитет во Ерусалим. Нејзината теорија е дека "Грипот знае кога вежбаш јога." Таа тргнува од тоа дека вирусите и бактериите еволуирале за да ги спречат луѓето да користат вакцини или антибиотици. Како дел од ова при првите знаци дека правите некоја од јога позите, патогените почнуваат да се прикриваат. Со ова тие привремено го одлагаат ширењето на болеста и го тераат човекот да верува дека јогата е лекот.
И покрај ова брилијантно користење на научни ресурси, победник беше човек што не е научник, туку адвокатот од Бостон кој специјализира на Првиот амандман. Тој имаше излагање за "мишелинките" кај средовечните мажи.
Неговото објаснување е дека во античко време, мишелинките кај мажите служеле за помош при плутање кога морале да ги спасуваат своите семејства во случај на поплави. Основа за теоријата наоѓа во добар дел од примитивната уметност, објаснувајќи дека во раните цртежи луѓето се цртани како стапчиња. Клучниот пресврт е откако човештвото почнува долгорочно да се населува покрај реки и на слични брегови, кога нацртаните луѓе полега почнуваат да се шират во стомакот.