Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.
Синоќешниот пораз од Рома 2:1 беше историски за Јувентус, затоа што клубот не загубил две по ред на стартот уште од 1912. година. Тешко оди без Пирло, Тевез и Видал кои немаат добри замени во Кедира, Манџукиќ и Падоин.
Минатиот викенд во САД играа Њу Ингланд и Хјустон. Мечот започнал во 20:30 по локално време а завршил во 12:25 следното претпладне. Ние избунаривме кои се најдолгите фудбалски натпревари.
Истражувањето на шпанскиот дневен весник Ел Паис открива дека нема ниту еден град на светот со повеќе стадиони од аргентинската метропола. Буенос Аирес има 36 стадиони со барем 10.000 седишта.
Манчестер Јунајтед беше пред реализација на договорот со Педро Родригез кога Челси чукна на врата кај Шпанецот и им го украде на Ѓаволите буквално пред нос. Не им е прв пат вели историјата.
Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.
„На времето бев пред потпис со фудбалер кој преку ноќ ми го украдоа преку телетекст. Па сега замислете колку е тешко денес да се сокрие понуда, договор, потпис“, вели некогашниот селектор на Англија и тренер на Тотенхем Хари Реднап.
Синоќа во Европа се одигра првата рунда од плејофот за ЛЕ, а најмногу голови и неизвесност имаше на дуелот меѓу Од и Борусија Дортмунд во Норвешка каде падна и најбрзиот гол во историјата на ЛЕ.
Еден од најголемите бунтовници во светот на фудбалот играше од чиста забава, затоа што татко му беше шеик. Со еден потег решаваше натпревар, а успеа да се скара со сите тренери и секоја управа.
Откако седна на клупата на Челси во 2004-та со претходно освоени ЛШ и ЛЕ како тренер на Порто, Мурињо се нарече „Тhe special one“, прекар кој го докажува сè уште најмногу поради односот пред камерите каде си создаде свој имиџ. Колекција од 15 негови историски изјави.
Мотивација за Барселона вечерва да го анулира дебаклот од 4:0, треба да биде еден меч пред 15 години кога Луис Енрике постигна хет-трик, а најлошото можно сценарио е да им се повтори двомечот со Баерн Минхен.
Баварците се трети во Европа по приходи и ќе бркаат историски подвиг, а тоа е да станат првиот германски клуб во историјата со четири освоени титули во низа.
Целта на Швеѓанецот е да привлече повеќе луѓе за да се бават со оваа работа и да објасни зошто донел одредена судиска одлука. Ова да му текне на македонски судија, уште на првата спорна ситуација ќе добие коментари со мајки, шајки.
Минатиот 23 ноември, Лионел Меси стана најдобар стрелец во историјата на шпанското првенство со хет-трикот против Севиља, а синоќа за прв пат во кариерата на еден меч против истиот тим постигна два гола од слободен удар.
Големата надеж во одбраната на Милан за која гарантира Михајловиќ, од денеска стана непријател со пола Рим откако ја одбра најголемата можна провокација за навивачите на Рома.
Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.
На следните Летни Олимписки игри голфот ќе се игра повторно по 111 години, Косово ќе дебитира, а половина од картите ќе изнесуваат максимум 30 долари. Како проблем се потенцира загадувањето од човечки измет.
Македонската фудбалска репрезентација остана со 311 бодови, но забележа скок од две места на ранг листата на ФИФА поради падот на други две репрезентации.
Со голема медиумска помпа, но за сега без големи амбиции стартува новата ракометна авантура на новоформираниот Работнички кој за почеток посакува пласман во плејофот од Супер лигата меѓу четирите најдобри екипи.
Аргентинскиот репрезентативец лани го направи рекордниот трансфер во Англија, играше во финалето на минатото Светско првенство и го сметаат за еден од најдобрите фудбалери во светот на неговата позиција.
Како реплика на гостинскиот тренер Шота Арвеладзе, кој самоуверено изјави дека ќе победат во реваншот, Ангеловски во свој стил изјави нека победат 2:1.