Алесио Ромањоли е најавен како големо засилување за Милан кој на 20 години Росонерите го платија 30 милиони евра. Се работи за дете од школата на Рома кој на 17 години доби повик да му се приклучи на првиот тим за време на летните подготовки.
По двете минати сезони на Олимпико каде доби мала минутажа, Ромањоли лани играше како позајмен играч во Сампдорија под водство на Михајловиќ, а на инсистирање на српскиот стратег тој стана нов играч на Милан.
Тоа што е производ на Рома каде во младинскиот тим тренер му беше Монтела, а потоа деби голот во Серија А му беше на асистенција на Тоти кој го тераше на остане, не беше доволно да го сокрие вистинското навивачко лице и на заминување од Рома постираше слика со дрес на Лацио.
„Алесио има сè за да биде новиот Неста“, изјави Михајловиќ.
„Ромањоли технички можеби е подобар од Неста на негови години“, вели Џиџи Ди Бјаџо селекторот на младинската селекција на Италија.
Алесандро Неста кој играше за Лацио и Милан всушност е и неговиот идол, а доколку му дозволат посакува да го носи неговиот број 13. Ги поврзуваат и неколку факти.
Неста дебитираше за Лацио во 1994 година под водство на Ѕоф, но редовно во прв тим го викаше Земан следната година. Повик во прв тим Ромањоли доби од истиот тренер, а тој и двајцата централни дефанзивци на почеток ги сместуваше на десната бековска позиција.