Таг: алесио ромањоли

Ромањоли го замолчи Мурињо поштено

По елиминацијата во Конференциска лига и во очи на римското дерби, Жозе Мурињо го закачна Лацио во негов стил. Ама дупло си го доби назад.

А дали го видовте на Гатузо клизачот?

Лизгачкиот старт на Гонзало Игуаин врз Џенаро Гатузо е хит од вчерашниот тренинг на Милан во пресрет на Супер Купот на Италија против Јуве закажан за 16-ти. Ништо не е тоа, гледајте го вие царот како му влезе на Ромањоли. Во Караорман не влегуваат вака со две нозе.

Ромањоли од трагичар до херој против Џенова

Стоперот на Милан Алесио Ромањоли успеа да ги лобува и двата голмани на дуелот Милан - Џенова, но за среќа вториот атрактивен лоб му се случи во противничкиот гол и тоа во 91-ва минута. Со тоа Милан славеше над Џенова со 2:1 во заостанат меч од Серија А. Пандев влезе во 85-та минута.

Не можам да се радувам што ве елиминирав бидејќи за вас навивам

Екипата на Милан го совлада Лацио во полуфиналето од италијанскиот Куп на пенали, а решавачкиот удар од белата точка го изведе човекот на кој срцето му велеше едно, а должноста друго.

Ромањоли лацијале наскоро ќе бидеш погребан

Навивачите на Рома не чекаа многу за да му возвратат на нивниот довчерашен играч кој трансферот во Милан го направи со провокативен дрес на социјалните мрежи.

Си замина од Рома, потпиша за Милан, облече дрес на Лацио

Големата надеж во одбраната на Милан за која гарантира Михајловиќ, од денеска стана непријател со пола Рим откако ја одбра најголемата можна провокација за навивачите на Рома.