„Лацио нема да игра сега трет европски турнир, така? Така е, за жал“, рече Мурињо по победата на Рома во Лига Европа, истата ноќ кога Лацио беше елиминиран од Аз Алкмар, во Конференциската лига.
Жозе синоќа беше суспендиран и немаше можност од клупа да ја води Рома. Прво доби одговор на терен, бидејќи неговите го загубија вечното дерби со 1:0 со голот на Ѕакањи.
Потоа доби одговор на провокацијата од Алесио Ромањоли кој мангупски му врати. Потсетување Лацио сезонава ги доби и двете меѓусебни пресметки.
„Ги добивме и двата дерби натпревари. Мислам дека нема да има трето дерби за Рома, така?“
Инаку како и често пати, римското дерби беше тензично и заврши со три црвени картони. Во 32 минута поради два жолти исклучен беше Роџер Ибањез, а другите два црвени судијата им ги додели на Марушиќ и Кристанте и тоа по крајот на мечот.
Тензијата продолжила и во соблекувалните и тоа меѓу Мурињо и Лотито. Првиот човек на Лацио ги разделил Ромањоли и Манчини, откако дефанзивецот на Рома го опцул играчот на Лацио.
„Што к.р гледаш“ му рекол Мурињо на Лотито, а овој веднаш му одговорил:
„Јас сум претседател на Лацио, а ти си тука гостин. Ова е мој дом и каде сакам ќе поминам. Ти не треба ни да си тука“.
Alla fine di #LazioRoma lite tra #Morunho e #Lotito che cercava di sedare una discussione tra #Romagnoli e #Mancini.
— Giovanni Capuano (@capuanogio) March 20, 2023
Mourinho: "Che cazzo ti guardi?"
Lotito: "Io sono il presidente della Lazio e ti sei ospite. Questa è casa mia e passo dove mi pare e tu qui non ci potresti… https://t.co/nEySu0lqji pic.twitter.com/gSxCqDdLre
Инаку со оваа победа и поразите на Интер и Милан, Лацио изби втор на табела. Поради квалификациите за ЕП 2024, следи клупска пауза. 28. коло се игра на 1 и 2 април.