
Алесио Ромањоли кој потекнува од школата на Рома на инсистирање на Михајловиќ кој му беше тренер во Сампдорија ја засили одбраната на Милан, а Рим го напушти со слика каде позира со дрес на Лацио.
Романистите сигурно веќе размислуваат каква да биде содржината на песните и транспарентите кои ќе ги подготват кога Милан ќе гостува на Олимпико, а тоа што го мислат за него го напишаа на ѕидовите пред куќата каде живеат неговите родители.
Една од пораките е: „Ромањоли лацијале, наскоро ќе бидеш погребан“.