Рабона, дриблинг и скара - Буенос Аирес, градот на стадионите

Истражувањето на шпанскиот дневен весник Ел Паис открива дека нема ниту еден град на светот со повеќе стадиони од аргентинската метропола. Буенос Аирес има 36 стадиони со барем 10.000 седишта.

Монументал, домот на Ривер Плата е возобновен на крајот на '50-те години со милионите од Фиат компанијата, во замена за Омар Сивори кој дошол во Торино да игра за Јувентус. На овој стадион се играше финалето на Светското првенство во 1978. година меѓу Аргентина и Холандија.
 
Бомбонера, храмот на навивачката групација 12 (поддржувачи на Бока Јуниорс) важи за еден од најпеколните стадиони во Јужна Америка. На Бомбонера неодамна се врати идолот Карлос Тевез, кој заедно со Хуан Роман Рикелме и Рикелме важат за најомилени фудбалери во историјата на Бока Јуниорс.
 
Во Буенос Аирес фудбалот се дише на улица, во баровите, на игралиштата. Се игра аматерски, меѓу рабоната и дриблингот. Го играат млади, но и стари до 70 години кои фудбалот го уживаат со популарното асадо (аргентинска скара) и пица.
 

Во Буенос Аирес никогаш не треба да пешачиш многу ако сакаш да видиш некој од фудбалските стадиони. Несигурни, неудобни, руинирани и опасни, но во голем број. Шпанскиот Ел Паис открива дека никаде во светот нема град со повеќе стадиони од аргентинската метропола. Има барем 36 стадиони со најмалку 10.000 седишта. Во Бразил има 15 стадиони со капацитет од минимум 10.000 седишта, во Лондон 12 со пет премиерлигаши. Рио де Жанеиро има 9 а Мадрид има 5 стадиони со над 10.000 столчиња.
„Аргентинскиот човек нема многу животни потреби: убави жени, говедско месо меѓу забите и вечерен фудбал“, вели за Ел Паис германскиот новинар Кристијан Тиел, автор на делото "Gebrauchsanweisung für Argentinien" (Инструкции за Аргентина) со акцент на фудбалот и ноќите во Буенос Аирес.

Истражувањето открива дека најголем стадион во Аргентина е Монументал, црвено-белиот дом на Милионерите, единствен кој собира преку 60.000 гледачи кога игра Ривер Плата. Следи Естадио Президенте Перон, домот на Расинг Клуб кој собира нешто повеќе од 50.000 гледачи. Буенос Аирес има шест стадиони  кои собираат помеѓу 40.000 и 50.000 гледачи, шест од 30-40.000, осум од 20-30.000, 14 од 10-20.000.
 
Ел Паис пишува и за уште 412 фудбалски игралишта за голем фудбал во Буенос Аирес. На ова треба да се додаде и тоа што некои од најпознатите аргентински фудбалери растеле на малку познати стадиони. На пример, Диего Армандо Марадона дебитирал како 16-годишен на стадионот на Аргентинос Јуниорс, Ла Патернал кој собира помалку ос 25.000 гледачи и кој денес го носи името на Диего Марадона.