- За основање партија во Македонија потребни се 1.000 потписи, а за истата таа партија да биде финансирана од државниот буџет, доволни може да бидат само стотина гласови добиени на локални избори во некоја општина.
- На овој начин, 93-те гласа во Берово на локалните избори во 2021 година, на малата конзервативна партија Родина ѝ донесоа годишен приход од над 60.000 евра во следните четири години.
- На сличен начин, иста сума државни пари за работа обезбеди и Демократи, партијата на битолчанецот со холивудска кариера, Јорго Огненовски, но и онаа на неговиот сограѓанин Горан Тасковски, Македонска ера трета, која беше основана нецела година пред одржувањето на локалните избори.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.