Омилената жртва на Меси

Минатиот 23 ноември, Лионел Меси стана најдобар стрелец во историјата на шпанското првенство со хет-трикот против Севиља, а синоќа за прв пат во кариерата на еден меч против истиот тим постигна два гола од слободен удар.

Билансот на Меси против Севиља изнесува 24 голови на 24 натпревари, а ист број на погодоци тој има постигнато и против Атлетико Мадрид. На 19 прволигашки средби против Севиља Меси има постигнато 18 погодоци, на два меча во Супер Купот на Шпанија погодил три пати и на уште два во Европскиот Супер Куп. Против оваа екипа му фали гол уште во Копа дел Реј.

На Меси толку многу му лежи Севиља што минатата сезона токму против овој тим постигна хет-трик и стана најдобар стрелец во историјата на Примера, а на вчерашното финале за прт успеа два пати да погоди од слободен удар.

Специјалистот за Севиља и Атлетико Мадрид, на Реал му има дадено 21 гол на 30 меча, потоа на Осасуна 19 на 17 средби, а против Хетафе и Атлетик Билбао одиграл по 19 пати и постигнал по 17 голови.

Со головите на финалниот натпревар од Супер Купот во Грузија, Меси стана стрелец во 30 различни земји и заедно со Иниеста стигна до бројка од 25 трофеи за Барселона, рекорд кој го држеше Чави.

Првиот гол против Севиља од слободен удар

 

Вториот гол

Хет-трикот во првенство

12 август 2015 - 11:52