„Имаме супер играчи и топ тренер. Не ми велете дека сум арогантен, јас сум шампион на Европа и мислам дека сум посебен“, вака се обрати на првата прес конференција како нов тренер на Челси во 2004 година.
„Ако сакав мирна работа ќе останев во Порто на убава сина фотеља, Лига на шампиони, Господ и после Господ, јас“.
„Да, но јас не сум глупав“, рече на првиот прес како тренер на Интер на 3 јуни 2008-ма, откако англиски новинар го праша за тоа како би се прилагодиле фудбалери на Челси во Интер, мислејќи на можни засилувања од неговиот поранешен клуб.
„Не се зборува за Рома со големи играчи, таа ќе заврши со нула титули. Не се зборува за Милан кој ќе ја заврши сезоната со нула титули“
„Монако? Го знам Монако од Тибет, Монако Монтекарло, Баерн Монако (Минхен), Гранд При во Монако...Ако некој сака Монако да биде познат бидејќи зборува за мене, треба да ми плати“.
„Веднаш го слушнав чувството дека имам непријатели. Ми се допаѓа тоа многу“.
„Млад е, интелигентен, ми претставува задоволство да му помогнам да созрее. Ако работиш со фантастични примери како Занети, Кордоба, Матераци, Самуел можеш само да бидеш подобар. Ако некој тренира со овие ликови и не научи, тоа значи дека е неврон и несреќник“, рече Мурињо за Балотели.
„Има многу тренери кои освоиле Лига на шампионите повеќе од еднаш како Фергусон и Анчелоти, но има само еден клуб кој водеше во финале 3:0 и загуби“, по миланското дерби одиграно во 2010-та“.
„Кројф? Не сакам да ме учи како се губи финале во ЛШ 4:0, затоа што не сакам да научам“, реплика до холандската легенда кој го критикуваше Мурињо за начинот на кој игра“.
„Не може да се освои тројната круна секоја сезона, но јас успеав два пати и би рекол дека два пати е малку поубаво“.
„Венгер е специјалист за неуспеси. Ако после 8 години како тренер на Челси не освоев ништо, ќе си заминев без никогаш да се вратам“.
2011-та година е тажна за Реал Мадрид, а славна за Барселона која им го остави на ривалите само шпанскиот куп. По поразот во ЛШ од Барселона со 2:0 и црвениот картон на Пепе, Мурињо на прес конференција објасни зошто Барселона им е омилена на судиите.
„Ако сакаш можеш да направиш многу гласна тишина. Ако бев новинар од тишината ќе создадев многу зборови“, рече по една суспензија на Диего Коста и според него заслужена суспензија за Венгер која не ја доби, а потоа следуваше молк пред медиумите.
„Притисок? Нема притисок ако си лидер на табела, притисок има кога си на второ или трето место“.
„Мојот живот се состои од тоа што јас сум секогаш еден чекор понапред“, кажа во една реклама.