Мохамед Ал Хаким важи за еден од најистакнатите судии во Шведска кој суди во првата лига, а за неговата нова Фејсбук страна каде ќе бара разбирање за судиската работа, за кус период веќе доби поддршка од скоро 5.000 луѓе.
„Верувам во отвореност и во дијалог. Основната идеја е да создадам интерес за нашата професија и мислам дека фудбалското семејство може да има подобар увид и разбирање на ситуацијата на судијата. Исто така сакам страницата да инспирира повеќе луѓе да станат судии, што е важно за фудбалот. Сакам да ја покажам мојата страна на судење и да направам баланс на сликата која постои за нас во медиумите“, вели Ал Хаким.
30 годишниот арбитар кој во февруари годинава помина курс на ФИФА, работи на тоа да стане меѓународен судија, а со отворањето на Фејсбук страната привлече многу внимание.
Тој даде објаснување за негова одредена погрешка одлука на мечот меѓу Норкопинг и АИК.
„Требаше да досудам пенал вчера и точка. Сега го видов она што се гледа со сигурност. Ја погледнав забавената снимка неколку пати од различни агли. Сакам да учам и да се сфатам што сум направил и зошто. Нема да бидам точен секогаш, но важно е да се намалат грешките и да бидам сигурен дека сум во право во важните моменти“.
„Имам позитивен фидбек. Се разбирам дека има и негативни коментари, но повеќето беа позитивни. Целата идеја е само тест, но во шведскиот судиски комитет им се допаѓа тоа што го правам“.