Статистиката пред реванш дуелот на Барселона во финалето од шпанскиот Супер каде имаат негатива од Атлетик Билбао од 4:0 не им е наклонета.
Во 101 дуел на Камп Ноу меѓу Барселона и Атлетик Билбао, Каталонците до сега успеале да остварат само два резултати кои се доволни за вечерашна елиминација на гостите. Едниот е малку поодамна во сезоната 1949/1950 кога победија 7:0.
Другиот резултат е далеку по тазе, а се случи во сезоната 2000/2001. На него сигурно во пресрет на вечерашниот дуел ќе се сети Луис Енрике бидејќи постигна хет-трик, Коку постигна два гола, а Абелардо и Овермарс дадоа по еден за конечни 7:0.
Највисокиот резултат кој Барселона успеала да го анулира е поразот од Гетеборг од 3:0 во Супер Купот на Европа во 1986-та. Тогаш следуваше реприза на истиот резултат и пенали кои им припаднаа на Шпанците.
Барселона има и една траума од двомеч кој прво го загубиле со 4:0. Тоа е полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен сезоната 2012/2013, кога беа загубени и на реваншот и примија уште три гола пред своите навивачи.
Барселона - Атлетик Билбао 7:0 (2000/2001)