Горан Пандев беше поуспешен од Агим Ибраими во дуелот на македонските интернационалци во италијанската Серија А. Поранешниот капитен на македонската репрезентација беше стрелец и изнуди два пенали во победата од 3:0 над Каљари.
Женскиот ракометен шампион беше блиску, но не успеа да направи сензација во Фанјлфорот од Лигата на шампионите. Во голема и неизвесна битка Вардар со одлична игра во второто полувреме се избори за продолженија во кои на крајот се радуваше Будуќност.
Фудбалерите на Бенфика и Севиља со предност од првите средби ќе патуваат на реванш дуелите од Лигата на Европа. На Италијанците им треба минимален триумф, додека тимот на Валенсија ќе брка негатива од два гола.
Диего Симеоне продолжува да ги шокира европските гиганти. По елиминацијата на Барселона, фудбалерите на Атлетико Мадрид го декласираа и тимот на Мурињо среде Лондон со 3:1, а тоа им носи голема шпанска битка во финалниот меч на 24 мај.
Стратегот на Ливерпул, Брендон Роџерс го обвини Мурињо дека на „Енфилд Роуд“ паркирал два автобуси во одбраната. Со иста ситуација се соочија и фудбалерите на Атлетико Мадрид кои за разлика од Ливерпул не примија ниту еден гол. Вториот патник во финалето ќе се одлучува вечерва по оние 0:0 во Шпанија.
Одлуките на судиите во четвртина-финалето од Лигата на шампиони беа криминални, обвини раководстовото на РК Вардар на прес-конференцијата пред дербито со Металург. Ова е видеото со сите грешки што беа направени од шпанскиот судиски пар Лопез - Рамирез.
Кога фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш ја изеде бананата фрлена на теренот од страна на навивач на Виљареал, тој започна глобална анти-расистичка кампања која била претходно испланирана.
Баерн Минхен ја продолжи црната традиција на актуелните освојувачи на Лигата на шампиони која трае уште од формирањето на натпреварувањето. Ако следиме уште една традиција, тогаш вечер сите пари треба да ги ставиме на Атлетико Мадрид.
Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е избран за најдобар фудбалер на годината, а за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата е прогласен Еден Азар од Челси.
Македонскиот вицешампион уште еднаш ја почувствува моќта на Бундеслигашот кој и покрај огромната предност од 10 поени разлика од првиот дуел, повторно беше немилосрден на веќе обезбедениот пат до Келн.
Откако речиси 20 минути по завршување на натпреварот Комитите не престанаа со пеење, цела екипа на Вардар повторно влезе во сала за да се поздрави со навивачите.
Во пеколна и трилер завршница, Страхиња Милиќ не успеа да му одолее на пеналот досуден на 10 секунди пред крај на натпреварот. Вардар – Фленсбург 27:25, Германците одат во полуфинале.
Како вчера да ја видовме мајсторијата на 16 годишното момче од Евертон кое како голем талент потоа го засили тимот од „Олд Трафорд“. Тој има веќе една деценија стаж во Манчестер Јунајтед, доволно време за да стане еден од најважните играчи за историјата на клубот.
Македонскиот ракометен шампион утре го игра најважниот, но и најтешкиот меч на сезоната на кој брка историски фајнлфор. На само еден час пред повлекувањето во карантин, за офф.нет зборува левиот бек на Вардар, кој повторно ќе има тешка задача да ги скроти налетите на Германците.
По одличниот настап во женската Лига на шампиони, дури шест ракометарки на Вардар се номинирани за место во Ол стар тимот. Одвојте една минути и гласајте за девојките затоа што тие тоа го заслужија.
Елиминацијата на Хамбург не беше случајност. Македонскиот ракометен шампион му покажа заби на уште еден бундеслигаш и со негатива од само 2 гола ќе го пречека тимот на Флензбург на реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите.
Кога Перо Антиќ стартува на центарската позиција, Атланта победува против Индијана. Така беше и на првиот натпревар од плејофот. Тимот на Перо Антиќ го изненади фаворитот и со победа ја стартуваше плејоф серијата против Индијана.
„Жал ми е што не можеа сите да дојдат до влезница. Би сакал да постоеше начин сите да влезат па да гори салата“, изјави Лино Червар пред големата тешка четвртфинална битка против трикратниот европски шампион Кил.
Добро ни е познато дека шеиците не знаат да ги штедат своите нафтени милиони, а од нив најдобро се офајдија фудбалерите на Манчестер Сити кои имаат највисоки плати во светот на спортот.