Да ги изгласаме вардарките во Ол стар тимот

По одличниот настап во женската Лига на шампиони, дури шест ракометарки на Вардар се номинирани за место во Ол стар тимот. Одвојте една минути и гласајте за девојките затоа што тие тоа го заслужија.

За прв пат оваа сезона во женската ракометна Лига на шампиони, најдобриот тим ќе биде избран од гледачите.

Од номинираните 32 ракометарки, по четири на осум позиции, дури шест се од екипата на ЖРК Вардар СЦБТ. Нашите девојки си ги заслужија номинациите со одличните настапи и пласманот на фајнал-фор турнирот, а го заслужија и вашиот глас.

Номинирани вардарки се:
- Сирара Дембеле (лево крило)
- Ана Ѓокиќ (пикер)
- Андреа Лекиќ (среден бек)
- Татјана Хмирова (десен бек)
- Јованка Радичевиќ (десно крило)
- Ина Суслина (голман)

Гласањето трае до 30 април. Клик тука и гласај!

25 април 2014 - 10:04