Импресивните рекорди на Вејн Руни

Како вчера да ја видовме мајсторијата на 16 годишното момче од Евертон кое како голем талент потоа го засили тимот од „Олд Трафорд“. Тој има веќе една деценија стаж во Манчестер Јунајтед, доволно време за да стане еден од најважните играчи за историјата на клубот.

Најмлад стрелец во Премиер лигата

Со само 16 години и 360 дена, на мечот Евертон – Арсенал одигран на 19 октомври 2002 стана најмладиот стрелец во историјата на Премиер лигата. Руни беше херој на тој меч кога со еврогол му донесе победа на својот тим од 2:1, но и им ја прекина серијата на „Топџиите“ од 30 победи без пораз.

Во топ 20 по бројот на настапи за Манчестер Јунајтед

Со 28 години години, Руни е на 19 место по бројот на настапи во клубот каде до сега има одиграно 411 меча. Рекордер е легендарниот Рајан Гигс кој ќе биде в.д. тренер до крајот на сезоната и кој од дебито во 1991 година има 962 настапи.

Трет најдобар стрелец на Олд Трафорд.

За една деценија успеа да постигне 214 голови за Јунајтед и е веднаш зад Боби Чарлтон кој има постигнато 249 погодоци. Потребни му се уште 36 голови за да го мине поранешниот славен играч.

Најмногу му лежи Астон Вила

Има постигнато повеќе голови против Вила од било кој друг играч во Премиер лигата. На 21 меч против оваа екипа 13 пати ја затресе мрежата. 12 голови има постигнато против Фулам, а најдобар стрелец е во градското дерби против Сити со 11 погодоци.

Четири парчиња на еден натпревар

Тој е еден од 18 играчи на Јунајтед кој има постигнато 4 голови на еден натпревар. Тоа го стори против Хал во јануари 2010 година со што е последен играч кој постигнал толку голови на една средба. Руни има и шест хет-трикови за овој тим.

Најмлад репрезентативец на Англија

Со 17 години стана најмладиот фудбалер кој настапи за англиската репрезентација, а тоа се случи на мечот против Австралија во февруари 2003 година. Тео Волкот потоа го сруши овој рекорд. Со 38 голови, тој е петти стрелец во Англија. Доколку продолжи да постигнува голови со ова темпо на секој 2,3 мечеви во просек, ќе го помине и рекордот на Боби Чарлтон од 49 голови, и тоа пред да наполни 30 голови.

Гол на секој 2,2 мечеви

Вејн Руни има постигнато 269 голови на 603 на сите натпреварувања и од неговото деби за Евертон пред 12 години, во просек постигнува гол на секои 2,2 меча. Во цела кариера има асистирано 137 пати или просечно на секои 1,4 мечеви. Најплодна му беше сезоната 2011/2012 кога на 43 меча постигна 34 голови.

Жолти и црвени картони

Руни важи за темпераментен играч кој до сега има заработено 108 жолти и 5 црвени картони во кариерата. На меѓународна сцена има два црвени картони, исто колку и Дејвид Бекам. Најмирен бил во сезоната 2011/2012 кога во Премиер лигата добил само еден жолт картон. 

25 април 2014 - 18:39