Рафа Бенитез му даде шанса на Пандев во стартниот состав на Наполи, а нашиот интернационалец возврати со одлична партија против Каљари.
Најпрвин Пандев беше соборен во шеснаесетникот по што Мертенс постигна гол од пенал, а пред крајот на првото полувреме тој се запиша во листата на стрелци по асистенцијата на Каљехон.
Во 54-та минута Пандев беше соборен од гостинскиот голман при што изнуди уште еден пенал и директен црвен картон за чуварот на мрежата. Во тој момент играта ја напушти Агим Ибраими кој не се истакна на овој натпревар. Хамшик го промаши пеналот, но во 58-та минута конечниот резултат го постави уште еден фудбалер роден во Македонија, Блерим Џемаили.