Дебитантската сезона на првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ заврши со 50 одиграни натпревари и 352 постигнати поени, 209 скока и 58 асистенции. Во просек тој одигруваше по 18,5 минути и имаше учинок од по 7 поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.
Малку недостасуваше Антиќ и Атланта Хокс да го изненадат фаворитот Индијана и да се пласираат во конференциското полуфинале, но загубија на мајсторката со 92:80.
Клучна беше втората четвртина која домаќините ја добија со 23:13 и на полувремето заминааа со предност од 47:36, по што во вториот дел тие рутински го одржуваа водството.
Антиќ одигра скоро 21 минута и овој пат не постигна поени, а оствари 4 скока, 1 асистенција и украде 2 топки.
Пол Џорџ со 30 поени и 11 скока ја предводеше Индијана до победата, а кај Атланта се истакна Корвер со 19 поени.