Колеле овци за да се навежбаат со нож, учеле како се погодува вратна жила на противникот. Па тренирале како со тенкови се освојува Парламентот, за оттаму да ја оправаат државата. СС униформи, перење пари, силување, убиство....
Пред 2 години Германец, инаку градски административец во Менден, на денот на пензионирањето напиша порака за збогување со колегите поздравувајќи ги дека последните 14 години нема ништо сработено. Кога се расчу за ова, човекот во Билд се правдаше дека сите погрешно го сфатиле неговото неработење. На случајот потсетува авторот на книгата "Празен труд."
„Зошто сум јас јас, а не некој друг?" е едно од прашањата кои ни ги поставува филмов. Но многу потешкото е - дали кога би го знаеле одговорот би биле задоволни од oна што сме станале?
Како и во претходните случаи на H1N1 и Сарс, паниката од ебола драстично го намалува менталниот имунитет на човекот кој станува подложен на напад на разни превари кои му нудат спас, меѓу другото и змиски отров.
Ако компанија во партнерство со дерматолози, продава крема за која апсурдно тврди дека може да ја поправи штетата на ДНК-та, кој е должен да пријави дека ова е глупост?
На онлајн сервисот Алибаба се продаваат куп справи и алатки за мачење. На прв поглед, се купуваат за сексуални фетиши. Но, анализи покажуваат дека најсериозни купувачи се држави со диктаторски режими.
Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Во извештајот на Конгресната истрага за 11-ти септември недостасуваат 28 страни, кои оригинално ги имаше меѓутоа во 2002-ра по нарачка на Џорџ Буш беа отстранети и ставени во посебен таен документ, под објаснување дека тие содржат информации што ќе ги нарушат тајните операции на САД.
Кога во држава преплавена со кокаин некој се фаќа да прави криминал со пелени, човек почнува да им верува на тазе татковци ужаснати од парите што ги оставаат за пелени.
Бил Гејтс неодамна претстави инфографик со 15-те најсмртоносни животни на планетава. Врвот го држат комарците кои убиваат 600.000 луѓе годишно. Па сепак, секое лето луѓето повторно се убедуваат дека може да ги спаси некоја зезалица од типот апликација за мобилен.
Шоуто на др. Мехмет Оз има публика од 4 милиони гледачи на ден. Обичен доктор во целата своја кариера прегледува далеку помалку од милион пациенти. "Затоа организираната медицина мора да преземеме мерки."
Еден од најскапите проблеми за прехранбените компании е да се прикрие поврзаноста меѓу консумацијата на шеќер и здравствените заболувања. На ова до сега се потрошени милијарди долари, по шема која во минатиот век беше разработена од тобако компаниите.
Некои митови имаат научно објаснување и се на место, други се базираат на "ловечки приказни" од луѓе што звучат смртно самоуверени за своите подвизи и како дошло до нив. Во секој случај ги има доволно за луѓе да седнат и да напишат цела книга на темата.
Полнење на батериите, одмор, возбуда, бегство од секојдневната рутина и/или откривањето нови места и луѓе се дел од причините поради кои луѓето одат на летен одмор. Плус потребата од курчење со фотки од местото на кое се уживало. На второво, добро заработува еден фотограф од Германија.
Дофрлањето "Женска, ти диши ланецот" и слични генијалности беше (е?) еден од најголемите дострели на маалските фраери заболени од хроничен неебитис. Веројатно не ни знаат дека токму со точакот, девојките почнаа да стануваат недостижни за дрипци како нив.
На сите фактори кои се виновни за бавниот раст на економијата, се приклучи и еден фактор на кој работи целата планета и секоја можна мисица - мир во светот, односно "упорноста и очекувањето на мир."
Тоскана е срцето на Италија чии луѓе од памтивек ширеле пресудни вибрации за целата римска и подоцнежна цивилизација. Со современи ДНК анализи утврдено е дека дошле од Турција.
Медиумите јавија дека контроверзната организација за заштита на животните Пета, ја оживува својата стара кампања во која се порачува дека млечните производи предизвикуваат аутизам.
Во ерата на Фејсбук и другите социјални мрежи кога луѓето фото документираат и најбанални моменти од своите животи, на актуелност добива една стара идеја на Ерих Фром за фотографијата како отуѓено сеќавање.