Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Пронајден и утврден е коден систем кој користи симболи, независни низови од 28 вредности.
На начин кој науката најмногу го познава и признава, со физчки докази и ДНК, најдена е потврда дека Бог постои. Во ДНК записот најдена е порака за постоењето која може да се декодира на старо Арамејски јазик, јазикот со кој говорел и Исус Христ. Ова е шок за научниците.
Додека го истражувале постоењето и функциите на ДНК записи и секвенци во човечкиот геном познат како "ѓубре ДНК" (така е наречен заради недостаток на познати функции на тој дел од ДНК), научниците од Институтот за технологија на Вајоминг (ОДП) дошле до сознание поради кое научниот светот е наполно шокиран: јазични експерти идентификувале информации во форма на староармејски јазик кои содржеле порака " со првите зраци на утрото, Бог создал се на земјата и на небото."
Научниците велат дека во ДНК низите јасно се гледаат паузи, прекини на низите кои претставуваат кодирање за биолошка функција и имаат голема сличност со белезите на човечкиот говорен јазик. За детална истрага и утврдување што симболите порачуваат, тие ги ангажирале експертите за стари јазици од Универзитетот Боб Џонс, познат во светот по стручноста за оваа тема и строгите критериуми. Од Институтот за технологии на Вајоминг им ги дале појавите, паузите во ДНК низите - за разбирање - појави слични на ефектот од типкање на телеграф, за да ги декодираат.
Пронајден и утврден е коден систем кој користи симболи, независни низови од 28 вредности. Ваквите низови, за споредба, се систем на кој се темели структурата на составот на зборовите во јазиците кои ги говорат луѓето. По ова, екипата на универзитетот Боб Џоунс трпеливо почнала споредба на овие низови со низовите на сите познати јазици кои се говореле во светот сега, или наназад низ историјата. И, уследол шок. Пронајден е јазик кој сосема одговара на карактерот на поставените прекини, дупки во ДНК низите кој им се дадени на истрашување. Стариот Арамејски јазик! Јазикот на кој говорел Исус и поголем дел од неговите апостоли.
Кога на една страна ги поставиле системот со обележувања од паузите на ДНК низите, а на друга системот на кодирање на стариот Арамејски јазик, шокот преминал во научен делириум: откриено е дека можат да се читаат јасни, прецизни реченици за создавањето на Светот и Господ, и дека нивниот состав и значење се многу блиску до она што го пишува Стариот завет во Библијата.
На човечкиот ген PYGB постои декодиран јазичен след кој се преведува како: пред починката на првиот ден, Господ го создаде небото и земјата... што е фасцинантно совпаѓање со првата реченица на Книгата на создавањето, која вели: првиот ден Господ ги создаде небото и земјата...
Генот Bmp3 има друг цитат од Библијата, кој е преведен како: Зарем не знаете дека вашето тело е црква на Светиот дух, кој е во вас, и кој од Бога сте го примиле... Не сте сами. Ова, прочитано од кодот на наведениот ген, го пишува и во 19. стих, од шестата глава од Првото послание на апостолот Павле до Коринќаните. Бројот на декодирањата кои, преведени на старо Арамејски јазик имаат целосни цитати од Библијата е голем, а истражувањата продолжуваат и понатаму. Метју Булдер, раководителот на ова истражување и главен експерт за стари јазици на Универзитетот Боб Џоунс, вели: Доказите се тука, на место кое никој претходно не го очекувал и со записи кои никој не може да ги поттури или фалсификува - во човековиот ген! Самиот факт дека во човечкиот ген се вткаени името и пораките на Господ е неочекуван феномен, изненадување и уметност на природата која божјиот наук и постоење го поставила внатре, во секој од нас, и засекогаш.