
Горенаведениот господин (види фотос) и еден од нашите крем де ла крем DJ-и, со својата мала но наслушана екипа подготвува супер интересен документарец посветен на македонската музика од 80-тите години (минус народно минус забавно).
Помогнете во правењето на филмот "Од другата страна" со вашите приватни колекции од 80-тите (фотографии, постери, видео материјали, касети, плочи...).
Вашите вредни материјали испратете ги на 80mk.underground@gmail.com
п.с. специјална награда "тапшање по рамо" ќе му биде доделена на оној кој ќе достави фотки од кај флиперите на Миле, карши Починка.