Во овој период од годината огромна популарност редовно добиваат тн електронски одбивачи на комарци (EMR - electronic mosquito repellents), апликации за кои се тврди дека прават сигурносен појас околу сопственикот на телефонот со помош на звук кој е одбивен за малите цицачи на крв.
Постојат главно два типа вакви апликации: едните имитираат звук на животни кои се хранат со комарци (на пример лилјаци), а другите наводно го потрефуваат звукот на машки комарец. За второво; се знае дека после парењето, женските комарци (оние кои цицаат) се ужаснуваат од машките и систематски го одбиваат нивното друштво (јер ги виделе колку ги бива).
За жал експертите се сомневаат во способноста на ваквите апликации да ги одбиваат комарците. Луѓето од ливерпулската школа за тропска медицина не утврдиле никаква врска меѓу електронските одбивачи и бројот на атерирања на комарци на човечка кожа. Не постојат докази ни дека на женките им е до толку одбивен звукот на машките комарци ниту пак дека комарците ги напуштаат областите во кои живеат нивни предатори.
Главно, звукот кој го испуштаат овие апликации, ако е во опсегот кој го лови нашето уво, главно е одбивен за луѓето кои го слушаат.
Ова е спомнатиот графички приказ на Бил Гејтс, кој, меѓу другото, е сериозно посветен на борбата против маларијата, болест пренесувана од комарци од која секоја година животот го губат 600.000 луѓе, 90 проценти од нив во Субсахарска Африка:
Постојат преку 3.500 различни видови комарци. Како реално изгледа неговиот убод, видете овде.