Потеклото на продолженото време

Ако репрезентацијата за која навивате на Светско загуби во судискиот продолжеток на натпреварот, виновна ви е Астон Вила.

Во судиските продолженија на регуларните 45 минути од едно полувреме, на овој Мундијал се испослучија триста пресврти. Реакциите на ваквите шокови се секогаш 50: 50, според мудроста "додека на некого не му се стемни, некому не може да осамне".

За потеклото на оваа фудбалскка регулатива нема цврсти докази но како причина за нејзиното раѓање најчесто се наведува еден англиски натпревар од 1891. година.

Астон Вила води против Стоук Сити со 1:0. За да добие на време и екипата да го сочува резултатот, играч на Вила ја рога топката надвор од стадионот (тогаш немало резеревни фудбали).

Од тогаш, според легендата, потекнува правото на судиите да го надоместат времето изгубено на паузи.

24 јуни 2014 - 10:01