Деценијата која сите ја сакаме се врати во Скопје за една вечер благодарение на
Urban Club. Околу 600 скопјани вчера повторно лудо се забавуваа како во 80тите години. Локацијата Bo Bowling одлично одбрана за да ја долови енергијата на откачената декада. Драган Б. Костиќ и Зоки Бејбе со своите сетови ги однесоа сите 30 години назад во времето, а Сашко Коцев со стенд ап настап и својот уникатен хумор ги загреа сите за журкање.