Победниците од полуфиналните дуели на Фајнлфор турнирот, екипите на Лукоил и Монтенегро, вечерва (20:30 ч.) во СЦ „Борис Трајковски" ќе се судрат за шампионската титула во Бизнис Лигата. Час претходно во натпревар за трето место ќе се пресметаат играчите на ЕЛЕМ и на ЈСП.
Актерите на завршниот турнир ветуваат исклучиво интересни и динамични дуели во завршницата на сезоната, тактички надмудрувања, акции за око, многу голови и возбудувања, како што впрочем беше и сиот досегашен тек на Бизнис Лигата на Македонија.
Организаторите на натпреварувањето се надеваат дека присутните на трибината ќе имаат причина за задоволство и за забава и дека учесниците во средбите ќе демонстрираат ферплеј во мечевите во кои резултатот е во втор план.
Влезот за сите љубители на малиот фудбал е бесплатен.