Гранола

Состојки

  • 270 грама овес
  • 300 грама шумски мед
  • 40 грама рендан сув кокос
  • 100 грама семки од тиква
  • 100 грама семки од сончоглед
  • 75 грама суво грозје
  • 100 грама брусница

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос и Сет тави за пица.

Подготовка

Чекор 1: Почнете со мешање на сите состојки, освен сувото овошје.

Чекор 2: Загрејте го медот во тава за да стане течен и за да можете полесно да го измешате со смесата за гранола.

Чекор 3: Измешајте го медот со овесната смеса додека да се спојат. Нелепливите Делимано тави Ви овозможуваат лесно да го измешате медот со останатите состојки.

Чекор 4: Ставете ја гранолата во рерна загреана на температура од 160 степени 30 минути. Превртувајте ја гранолата секои 10 минути за состојките да се ипечат рамномерно.

Чекор 5: Извадете ја гранолата од рерна и веднаш ставете го сувото овошје. Оставете ги вкусовите да се измешаат.

Чекор 6: Овде гранолата ја сервираме со кремест обичен јогурт, свежо овошје и малку студено млеко.

СОВЕТ: Гранолата е толку лесна за подготовка и може да се направи во безброј варијанти. Ние уживаме да ја јадеме за појадок, но со неа можете да се насладите и како здрава ужинка или колач навечер. Можете да експериментирате со различни семки, овошје или јаткасто овошје, па дури и зачини како ѓумбир и цимет.

9 мај 2014 - 10:47