Ѓуровски го објави списокот за двете контролки

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски направи поширок список на играчи од кои дел ќе отпаднат за двете пријателски средби против Катар и Камерун.

На списокот на Ѓуровски се најдоа дури 42 фудбалери, но тој ќе биде скратен на 25 кои ќе бидат во комбинација за двете контролни натпревари.

ГОЛМАНИ: Пачовски, Наумовски, Ефремов, Јовановски

ОДБРАНА: Георгиевски, Тодоровски, Ристовски, Попов, Алиоски, Цуцули, Мојсов, Шиков, Грнчаров, Ристевски, Најдоски, Зајков

СРЕДЕН РЕД: Демири, Стјепановиќ, Положани, Спировски, Глигоров, Хасани, Ибраими, Бабунски, Муарем, Трајковски, Бојку

НАПАД: Тричковски, Абдурахими, Костовски, Јаховиќ, Илијоски, Сулејманов, Велкоски, Маркоски, Блажевски, Ибраими, Скендери, Аврамовски, Абдула, Тодоровски, Симоновски

Во следниот квалификациски циклус за ЕУРО 2016, во селекцијата на Македонија и дефинитивно ќе го нема Николче Новески кој одлучи да и стави крај на репрезентативната кариера.

Во составот ќе го нема и Марио Ѓуровски кој има специфичен договор со тајландскиот клуб Муангтонг во кој стои дека не може да настапи на некои натпревари за репрезентацијата.

Пријателските средби македонската фудбалска репрезентација против Камерун и Катар ќе ги одиграни на 26 мај во Австрија и 30 мај во Рим.

8 мај 2014 - 12:52