Покрај добра музика, куглање и добро смеење, Urban Club и визуелно ги врати присутните во 80тите преку ретро- дрескодот на гостите. Вчеравечер беше забавно да се потсетиме на лудата мода на 80тите, ерата на познатите "потпунки", облека во спектар на виножитото, тапирани коси и кремче шишки.
Во вакви модни комбинации шизењето беше ултра забавно, особено кога Прима Данца ја вжешти атмосферата со настап на темите од Footloose, Ghostbusters и Thriller.
Успехот и на оваа забава за Urban Club е показател дека тој решително ќе продолжи да се бори со монотонијата на ноќниот живот во градот и ќе организира и натаму возбудливи, не-клише настани со несекојдневни концепти.