Денес во 16:30 часот ќе се одигра завршницата на руското фудбалско првенство. За прв пат во 22-годишната историја на руската Премиер лига, три екипи имаат шанса за титулата во последното коло.
Актуелниот шампион ЦСКА Москва е најблиску до одбрана на титулата и во последното коло влегува со поен предност во однос на Зенит и два пред Локомотив од Москва.
ЦСКА Москва се најде на врвот на табелата во пресрет на последното коло откако врз девет победи во серија. Зенит ја имаше титулата во своите раце, но минатото коло губеше на домашен терен од Динамо Москва со 2:4 по што навивачите влегоа на терен и екипата на Андре Вилаш Боаш службено го загуби овој натпревар.
Во последното коло ЦСКА Москва го пречекува Локомотив, а Зенит гостува кај Кубан. Со победа на московското дерби, ЦСКА Москва ќе си ја одбрани титулата, а евентуален кикс и победа на Зенит во Краснодар ќе значи селење на титулата во Санкт Петерсбург.
Интересна ќе биде и борбата за последното место кое води во Лига Европа за кое се борат Краснодар, Динамо Москва и Спартак Москва. Екипите на Урал и Том Томск ќе се борат за избегнување на плејофот за останување во лигата, а во понизок ранг се селат Волга и Анжи.