ЈСП со убедлива победа над ЕЛЕМ до бронзениот медал
ЈСП 7-3 (3-0) ЕЛЕМ
ЈСП: Ајдин Бекировски 6', 25', Тони Спасовски 15', 37', Давор Калиновски 18', 28', 33'
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 21', 30', Ристо Стефановски 40'
Во натпреварот за третото место и двете екипи влегоа исклучително мотивирано со императив да го освојат бронзениот медал. Екипата на ЈСП која уште на самиот старт играше со голман играч беше доста поуспешна во реализацијата, со што значително го подигна моралот во нивните редови, па така самоуверено се стекна со позитива од 3-0 на полувремето. Кај ЕЛЕМ беше евидентен пад во играта и се чинеше како да не можат најдат противигра за играта на ЈСП. Во второто полувреме ЈСП продолжи во ист ритам. ЕЛЕМ се обиде да се врати во натпреварот со гол во 21', но ЈСП не дозволи изненадување, па стигна до бронзата во овогодинешната Бизнис Лига на Македонија.
Montenegro шампион на овогодинешната Бизнис Лига на Македонија
Лукоил 2-3 (1-0) Montenegro
Лукоил: Марјан Цветковски 14', Борче Василев 31'
Montenegro: Горан Новакоски 21', Ивица Јанковски 23', 30'
Уште на самиот старт и двете екипи останаа со играч помалку поради груб старт, но ниедна од екипите не ја искористи шансата да постигне погодок. Во останатиот дел акцентот беше пред се на одбраната и кај двете екипи, па не можевме да видиме некои изразени шанси за гол, се до 14' кога извонредниот Марјан Цветковски од гол на гол со рака го измами излезениот голман на Montenegro и го доведе Лукоил до водство. Во второто полувреме Montenegro дојде до целосен пресврт, заигра доста поотворен фудбал со одлични проигрувања во нападот, што резултираа со три гола. Лукоил се обиде да фати резултатски приклучок, но Montenegro не го дозволи тоа и стана шампион на овогодинешната Бизнис Лига на Македонија.