Саудијците и понатаму остануваат на бројката од 769 жртви и 934 повредени, проблемот со нивната математика е што сега поединечните држави почнуваат да пресметуваат колку нивни граѓани аџии им се пријавени за исчезнати. Новата бројка од 2.177 жртви е збирот што го има добиено Асошиејтед прес.
Скопје ги отвори вратите на еден од најсовремените објекти за домување. Изградена од вештите раце на тимот од Golden Art, оваа зграда претставува нов дом за околу 90 семејства.
На 20 октомври, вторник, со почеток од 12:30 часот во Синеплекс, ќе се случи настан на кој свој мотивационен говор ќе одржи Гери Вајтхил, еден од најексцентричните и иновативни претприемачи во светот.
Анхаусер-Буш Инбев се согласи да плати 93 милијарди евра за купување на САБМилер, со што е создадена компанија на која отпаѓа една третина од вкупната продажба на пиво во светот.
62 години по првиот број, еден од уредниците на Плејбој оди на вечера кај се уште главниот уредник Хју Хејфнер, со радикален предлог, да престанат да објавуваат слики од голи жени. 89-годишниот Хефнер се согласува. Од март следната година Плејбој повеќе нема да има голи жени. Ќе има жени, ама не голи.
Во средата Асошијтед прес објави извештај за криминална мрежа која се обидувала да продаде "радиоактивен материјал на средноисточни терористи." АП пишува за 4 вакви случаи во последните 5 години, и сите се случуваат во - Молдавија.
Три од четири американски компании од топ 500-те на Форчун, имаат барем една офшор подружница, со тоа што некои имаат регистрирано и над 100. Само овие 500, преку офшор филијалите, избегнуваат да платат околу 620 милијарди долари данок.
Јују Ту годинава ја доби Нобеловата награда за медицина за откривањето на лек против маларија, артемисинин, на кој почнува да работи уште во 60-те за време на Виетнамската војна. Нејзина задача во тоа време е да патува по кинеските села во потрага по "тајни лекови".
Човекот што треба да се памти е 30-годишниот Крис Минц, студентот и армиски ветеран кој беше застрелан седум пати додека јуришаше на убиецот во обид да ги спаси другите. Минц ова го направи на 6-от роденден на својот син.
30 септември беше посебен ден за љубителите на возилата BMW и MINI во Македонија. Свеченото отворање на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар, главен увозник и дистрибутер на возилата BMW и MINI за Македонија и Косово беше забележан со многу изненадувања.
Муабет со неколкумина тату артисти за тоа што најмногу им бараат и што веќе им е преку глава да цртаат. Ако имате истетовирано стрела на себе, не мора да читате. Или часовник. Или симбол за бесконечност.
На 23ти Октомври 2015 година во Софија ќе се одржи HR Innovation Forum во организација на КАПИТАЛ и КАРИЕРИ, на кој ќе бидат дискутирани идните трендови во областа на човечките ресурси и прашањето каде треба да се фокусираат бизнис лидерите во наредните години кога станува збор за водење и управување со луѓето.
Една американска ЈуТјуб комичарка и 68% од американската популација, веруваат дека дебелите сами се виновни за тоа што се дебели. Точно е, ама не е така.
Во 9 и 30 во средата наутро, Обама и Мишел на влезот на Белата Куќа чекаа да дојде Папата Франциско. Прво се паркира голем, црн џип од тајната служба, еден од оние "кои тежат повеќе 2.200 кила, и трошат повеќе од 33 литри на 100 километри." По него, паркира мал Фиат 500Л.
Германската компанија е пред групна тужба откако призна дека фабрички ги штелувале сензорите на 11 милиони автомобили за да покажат пониски нивоа на загадување. Фолксваген во своја одбрана има да каже - дајте ги адвокатите на Бритиш Петрол за Дипвотер Хорајзон.
Дури во осмиот последователен обид Џон Хам успеа да освои Еми за најдобар актер во драма за улогата на Дон Дрејпер. Кога ја доби наградата, за секој случај праша да не е грешка.
Јас сум сениор продуцент за гејмерска компанија која прави бесплатни игри. Имам работено за неколку големи компании. Речиси е сигурно дека сте играле некоја која јас сум ја продуцирал. Ова не е приказна за тоа како бесплатната игра ќе те намами да потрошиш пари. Ова е приказна за тоа како ние те поседуваме бидејќи знаеме сè за тебе.
Пред да почнеме, една работа - интервјуто не е вистинито и не се однесува на една ѕвезда, женска или машка, туку повеќе е збирно искуство од сето она што може да се прочита по магазини / интернет / весници.
За време на републиканската претседателска дебата, Трамп со самоувереност карактеристична за секој противник на вакцини кој држи до себе, објасни дека аутизмот прераснал во епидемија и дека за тоа се одговорни вакцините.
Соби за рчење е последниот шик на богатите за зачувување на мирот на својот сон. Кога тој мир не е пореметен од трубите на совеста туку од рчењето на партнерот.
Убер е монструозно порасната компанија која се занимава со алтернативен превоз на патници во кој се заобиколуваат таксистите. Ја има во Бугарија, наскоро ќе влезе во Хрватска, Србите имаат своја варијанта а колку што знаеме за овде, од Убер абер се нема.
Експериментот го прави маж кој претходно ослабел 36 килограми, а тежината успева да ја одржи со броење на калории, 2.000 на ден, од што и да е - мрсно, благо, здраво. И сето ова вака го тера додека не седне да разговара со една пријателка, инаку докторка.
Во средата, во 17 часот и 30 минути кралицата Елизабета Втора и официјално го сруши рекордот на нејзината пра-пра-баба кралицата Викторија, за монарх кој најдолго владеел со Британија.
25% од испитаниците во првата и 30% од испитаниците во втората, сметаат дека нивните држави се движат во добар правец. Првата е Ирак, втората е Сирија.