Знаеме каде живееш, колкави приходи имаш, ти ги знаеме врските, твојот омилен спорт, политичките симпатии. Знаеме кога одиш на работа и каде работиш. Ние може да испланираме настан за тебе бидејќи знаеме кога имаш продолжен викенд. Ние те поседуваме.
А не почна тоа така. Започнав како продуцент на игри за конзоли. Потоа се поврзавме со мобилни игрици. Со Ајфон почнавме рано правејќи традиционални игри. 99 проценти аркадни наслови. Игрите проаѓаа добро и луѓето ги сакаа. Започнавме со поамбициозни проекти.
Имавме игра со куп нивоа на која добиваш една, две или три ѕвезди (ова е една-две години пред Angry Birds). Екипата беше загрижена дека ако играта е претешка, луѓето ќе се откажуваат и таа нема да успее. А во тоа време единствени канали за повратна информација беа рангирањето на апликациите или оценките на играчите.
Еден наш инженер предложи едноставно решение кое денеска може да се смета за смешка. Да уфрлиме JSON фајл (јава скрипт) кој ќе ги има сите информации за нивоата. На тој начин ќе може да го апдејтираме фајлот за да ја направиме играта полесна или потешка. На овој начин можевме да ги следиме реакциите на играчите.
На еден состанок, дечкото кој ни го водеше веб сајтот извади интересна информација. Почнал да ги гледа веб логовите и конекциите со JSON фајл. Практично, имавме база на активни корисници и згодна статистика колку нè играат. Но ЦЕО-то во тоа виде нешто друго. Набргу сè почесто почнавме да добиваме барања за информации што сè прават корисниците. Високиот менаџмент беше разочаран што ги немаме одговорите. Но, го најдов олајн сервисот Pinch Media кои се бавеа со онлајн анализи, ги интегриравме во неколку производи и одговорите почнаа да пристигнуваат. Се разбира, тогаш почнаа да пристигнуваат нови прашања. Под нивен притисок, го изготвив првиот гејмерски матрикс кој содржеше информации за тоа "до кое ниво стигнуваат", "колку куршуми испукуваат" и сл. Но шефовите не беа импресионирани. Тие сакаа да знаат како да го натераме играчот да купи нешто или да им каже на пријателите за играта.
Времето минуваше а "Free to Play" стана голема работа. Одев од компанија во компанија и со секој нов проект сè помалку правевме кул работи а сè повеќе се занимававме со тоа како да ги следиме играчите и да дознаеме што повеќе за нив.
И тоа само по себе беше доволно лошо но тогаш допрва ни се случи големата работа - Фејсбук. Тоа комплетно ја смени играта. Дури и оние кои не се регистрираат преку Фејсбук или пак имаат лажни профили ни одаваат многу информации за себе. Ако играш со други, им ги знаеме ИП адресите. Гледаме кое знаме го одбираш за потоа да утврдиме дали живееш во таа земја или си таму на одмор или тоа ти е национална гордост. Ако не го одбираш англискиот јазик, знаеме на кој јазик да ти праќаме нотификации или во кој дуќан да те праќаме.
Ако преку Фејсбук потрошиш доста пари кај нас, ти стануваме пријател. Не официјално, туку преку лажен профил. Имаш ФБ другарка која сака да го покажува деколтето? Можеби сме ние. И пред да нè пуштиш во својот круг знаеме доста за тебе ама кога еднаш ќе не пуштиш, ги имаме сите клучеви за твоето кралство. Ќе искористиме сè што треба за да ти продадеме нешто. Памтам еден таков голем трошаџија, сакаше американско рагби а живееше во Саудиска Арабија. Само за него правевме виртуелни зезалици во неговите омилени бои. Не знаете што сè купи човекот! А тоа е само за неговата суета. За големи клиенти кои купуваат податоци од нас, им ги штелуваме игрите за да можат да ги поминуваат нивоата како босови.
Секој ден собираме тони податоци. Веќе не им ја знам големината, знам дека имаме цела дивизија која нив ги анализира. Ќе им пуштам прашање, тие ќе ги извлечат податоците и ќе ми одговорат. Од една игра собираат по 300 гига податоци секој ден. А не сме сами на пазарот. Вообичаено на ден јас имплементирам по 20 до 30 различни SDK-a (software development kit) во игра. Некои помагаат да ги следиме кршењата на игрицата, некои се реклами, некои собираат демографски податоци. Сите тие мрежи собираат и дополнителни инфоа за вас од оние што ние веќе ги имаме. И сите тие мрежи се главно вмрежени меѓу себе.
Сакаш да му ставиш крај на сето тоа? Престани да играш бесплатни игрици. Купи си игра за 4,99 или 9,99 долари. И нам не ни се прават веќе вакви игри и не ни се состанчи за тоа како да те задржиме.