Настанот е еднодневен и ќе биде одржан во Sofia Hotel Balkan, на 23ти Октомври, петок, кој воедно е и неработен ден во Македонија. Цената на картата изнесува 61 евро (без ДДВ) за карти купени до 30ти септември. За регистрација по 30ти септември цената изнесува 92 евра (без ДДВ).Цената за претставници од start-up компании изнесува 50 евра.
Конференцијата е наменета за локалните и регионални бизнис лидери, менаџери и професионалци од областа на човечките ресурси.На настанот говорници ќе бидат професионалци од областа на човечките ресурси со импресивни биографии и долгогодишни искуства во индустријата. Frank Kohl-Boas – менаџер за човечки ресурси во Googleи одговорен за DACH, Nordics и Benelux;Albert Hakkers– поранешниот директор за човечки ресурси на Microsoft; Tom Haak– основачот и првиот директор на HR Trend Institute се само дел од говорниците на овој настан.
Некоиодтемитекоиќебидатпокриенинанастанотсе:
• Која е организациската структура на иднината
• Како технологијата и социјалните медиуми влијаат на индустријата на човечките ресурси
• Техники за наоѓање и регрутација на таленти
• Кои се ефективни обуки во константно променлива средина
• Иднината на работниот простор – како да ја зголемите креативноста на луѓето
• Иднината на работните места – работа/животен баланс, работа од дома
Одлична можност да се стекнете со карта и сместување за овој настан имаат таргетираните правни субјекти во кампањата "Среќни коверти" на start-upкомпанијата Termin.mk. Доколку Вашата компанија или организација го доби жолтиот коверт по пошта, а се уште не сте ги внеле Вашите податоци на специјално креираниот сајт за потребите на оваа кампања – Slozuvalka.mk, се уште имате време истото да го направите.
За детални информации или било какви прашања поврзани со настанот, посетете го официјалниот веб сајт на HR Innovation Forum, или испратете email порака на event@economedia.bg.