Становите имаат идеално распоредена квадратура, а објектот е изграден исклучиво од најквалитетните материјали на пазарот од производители како Rehau, Ideal Standard Dolomiti, Baumit, Boen и многу други. Со природен и безбеден малтер, најквалитетен скандинавски дабов под, максимална термичка, звучна и хидроизолација, како и најквалитетна безбедносна влезна врата која во случај на пожар ќе Ве заштити и до 30 минути. Домаќински, нема што!
Во свеченото доделување на клучевите учествуваше и водителот на ток шоуто "Еден на Еден" Жарко Димитриоски, кој вешто ја зачини атмосферата на коктел-забавата, а добредојде на среќните станари им посака извршниот тим на Golden Art.
Извршниот директор на Golden Art, Ивица Јакимовски, најави уште еден новитет за станарите – „Во склоп на објектот до крај на годинава ќе стартува со работа и маркет од брендот Ramstore. Сакаме максимално да го олесниме Вашето секојдневие, а целта ни е да продолжиме со исполнување на вашите очекувања за домови од соништата."
„Чест ми е што ја добивме Вашата доверба и посакувам да имате само убави моменти во Вашите нови домови. Што се однесува до нас, ќе дадеме сè од себе – не да го задржиме, туку да го надградиме и подобриме квалитетот !" – вели Роберт Јакимовски, технички директор на компанијата.
На компанијата и посакуваме среќа за 10-годишниот јубилеј, а на сите кои сте во потрага по Вашиот иден дом, препорака да си закажете состанок со агентите на Golden Art.
(комерцијален текст)