Се наоѓа во Макао и тоа на 32-от кат од Галакси Макао казино и ресорт, едно е од најелитните ВИП казина во светот и веројатно ќе го гледаме само на слики.
Неодамна пишувавме за хрватскиот голман кој намерно доби црвен картон за да побрза на свадба кај најдобриот другар, а знаете и за Илчо Наумовски кој призна дека добивал црвени картони само за да стигне на дербито Црвена Ѕвезда-Партизан. Еве слична сторија и од соседна Бугарија.
Овлажнувач на воздухот е една од основните работи во секоја поголема канцеларија, и никогаш не е нешто упадливо, паметно или интересно. Сè додека некому не му текна да го направи ова употребливо за широки народни маси.
„Јас немам потреба од симулирање. Јас играм агресивно и не симулирам", изјави Леброн Џејмс откако беше обвинет дека се обидува да одглуми фаул. Но снимките го тврдат спротивното.
Долг е патот кон Џамбо. И е поплочен со ескалатор. Ако го згрешиш, патот станува уште подолг. Видете ја вие оваа млада девојка, занесена во тоа телефонот како упорно вергла нагоре додека патот и оди надолу. Text & Drive е опасно. Text & Walk е глупо.
Патлиџанот е зеленчук ако ништо друго тогаш заради фактот дека шопска нема шанси да е овошна салата. А овошје е, прогласено за зеленчук со судска одлука.
Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.
Песната не е певлива, не е оригинална и никогаш не била на топ листа, но сепак 98% од луѓето ја препознаваат, а секој фудбалски фан се наежува кога ќе ја слушне. Тоа е химната на Лигата на шампиони.
Довчерашниот напаѓач на Милан, Алехандро Пато е цар за утки од најлесна позиција. Неодамна направи потег за најсмешно видео инсерти, а овој пат посакуваше голот да биде повисок.
Луис Суарез сигурно му е идол на голманот на романскиот клуб Петроулул, Мирчеа Морнеску. На натпреварот против Газ Метан тој го гризна противничкиот фудбалер по што настана општ хаос на теренот.
Како што обично бива со ултра здравите работи, по неколку години трубење за нив некој седнува детално да ги испита и во нив наоѓа нешто ултра нездраво. Овој пат на ред е зелениот чај.
Без разлика дали е Плејстејшн или телевизор Сони губи пари на секој уред што го продава, а заработува само од правење филмови во Холивуд, продажба на музиката и осигурување.
Вообичаено е навивачите да бараат победи од фудбалерите на клубот за кој навиваат, но аргентинси навивачи им наредија на своите играчи да загубат за нивниот ривал да испадне од лига.
Уштен еден дебакл за организаторите на Светското првенство во Бразил. Инструментот кој требаше да ја замени вувузелата за време на Мундијалот, доби забрана за време на Купот на конфедерациите.
Кога ќе стигнете на Вембли, одма се осеќа духот кој овој стадион го има. Како да знаеш дека влагаш на место кое има историја од 100 години неверојатни утакмици. Сум акал по многу стадиони у светов, ама ретко да осетиш таква енергија како овде.
Финалната пресметка во Лигата на шампионите заврши по мерка на кладилничарите кои најмногу типувале на Баварците. Финалето од Купот на Италија пак беше еден од најпромашуваните натпревари во обложувалниците на Спортлајф овој викенд поради кои се кинеле ливчиња.
Тоа е скапоцениот камен во круната на Формула 1. Велат дека тоа е трката која секој возач сака да ја освои, а ниту една позната фаца или богаташ не смее да ја пропушти. Тоа е трката во Монако.
Екипата на МЗТ го победи Кожув со 93:89 и со убедливи 4:0 стигна до новата титула во македонскиот кошаркарски шампионат. Тимот од Аеродром втора година во низа ја демонстира доминацијата во македонската кошарка со освојување на двојната круна.