Повремениот репрезентативец на Македонија, Илчо Наумоски во едно интервју за српските медиуми се пофали дека е голем „Гробар" и дека намерно добивал картони за да може да оди на натпреварите на Партизан. Пред 4 години некои медиуми шпекулираа и дека фудбалерот на Матерзбург намерно заработил црвен картон за да може да биде кум на свадба во Прилеп, а тој потоа ја демантираше оваа информација.
Еден хрватски голман најверојатно учел од наш Илчо. Медиумите од Хрватска ги пренесуваат фудбалските кулоари каде проструила информацијата дека голманот на Цибалија од Винковци, Младен Матковиќ намерно заработил црвен картон во 17-та минута од натпреварот против Интер.
Матковиќ цела недела го молем тренерот да го ослободи од натпреварот затоа што требал да биде кум на свадбата на неговиот најдобар пријател, но неговата молба била одбиена.
Во 14-та минута Цибалија поведе со 1:0, а 3 минути подоцна, Матковиќ направил прекршок за исклучување. Гласините велат дека тој се истуширал и отишол на свадба.