Ливерпул во соработка со компанијата Warrior која им ја изработува опремата организираа конкурс за најдобар дизајн на тетоважа посветена на претстојната турнеја на клубот во Австралија, Индонезија и Тајланд.
Фудбалерите на Ливерпул, Џонџо Шелви и Фабио Борини ги избраа тројцата победници, а помеѓу нив е и скопјанецот Владимир Стојков со неговата тетоважа за турнејата во Австралија.
Ова е дизајнот на Владимир за кој тој си доби патување со Ливерпул: